Јовески: Сите со докази за „Рекет“ да ги достават до обвинителството

Љубомир Јовески/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Доколку некој друг располага нека ги достави до обвинителството за да постапува, вели Љубомир Јовески.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги повика сите што имаат каков било доказ за „Рекет“ да го достават до обвинителството за да постапува.

– Обвинителството уште еднаш нагласува дека не располагаме со други податоци, за други имиња инволвирани во „Рекет“. Доколку некој друг располага нека ги достави до обвинителството за да постапува. Ги имаме предвид сите написи, но доколку некој посочи конкретен доказ, документ, ние сето тоа ќе го прибавиме и ќе постапуваме. Предметот се води неселективно – вели Љубомир Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот