Јовановски: Партиите да се тргнат од популизмот – да се насочат кон пот и солзи

Новинарот Мирче Јовановски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ рече дека е добро што Македонија станува членка на НАТО и што можеби ќе добие датум за преговори за членство во ЕУ, но треба да имаме предвид дека домашната задача треба да си ја завршиме. Никој од страна не може да ни ги реализира оние мерки што ние ќе ги донесеме.

 

– Изминативе неколку денови се водеше жестока дебата во Собранието. Беше донесен фамозниот закон за ЈО, што верјатно ќе придонесе да се смали аргументацијата на ЕУ во однос на почеток на преговорите. Но имплементацијата на тој закон зависи од нашите институции – вели тој.

Владеењето на правото ќе биде основа за економскиот напредок на земјата во наредниот период. Без оглед што ќе ветуваат партиите, вели Јовановски.

Околу потпирањето на економијата врз потрошувачката, Јовановски смета дека од она што го презентираше до сега ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на она што го презентираше до сега основа за развојот ќе биде повторно потрошувачката, а не создавање нови вредности во економијата.

– Тука политичките партии треба да се подразмислат и да ги напуштат практитките на популизам. Да се насочат на пот и солзи и доколку не вложат сериозни напори во промена на структурата на економијата, во образованите, тешко ќе може да се носиме со земјите во Европа, па и со оние од регионот – констатира Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот