Јовановска: Најлошото помина, невработеноста ќе се намалува

Според основата на престанок на работен однос, најголем процент на невработени лица што дошле на евиденција, вели директорката на Агенцијата, имале престанок на работен однос поради истек на договорот за определено време, околу 48 проценти.

Околу 12 илјади лица останале без работа од почетокот на кризата со коронавирусот, вели Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување Мислам дека оној најстрашен и најлош период го надминавме и јас очекувам извесен период да имаме една стабилност и движење во една нагорна, односно позитивна линија во делот на пазарот на труд и во делот на вработувањата и намалување на невработеноста, оценува директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, во интервју за Радио Слободна Европа.

– Од приливот на невработени лица, околу 12 илјади, односно 11.734 лица дојдоа на евиденција, а за истите е регистриран престанок на работен однос, односно одјава од задолжително социјално осигурување во периодот после 11 март 2020 година, или од почетокот на ковид-кризата -, вели Јовановска.

Според основата на престанок на работен однос, најголем процент на невработени лица што дошле на евиденција, вели директорката на Агенцијата, имале престанок на работен однос поради истек на договорот за определено време, околу 48 проценти. Спогодбениот престанок на работниот однос е втор по ред со околу 24 проценти, а потоа следуваат отказите од страна на работник и од страна на работодавач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот