Јовановиќ: Наум Петрески е лажен уметник кој прво добил пари од Владата, а потоа изјави „долу Влада“

Ненад Јовановиќ. / Фото: Архива

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ на својот Фејсбук статус јавно упати критики кон пејачот Наум Петрески. 

Јовановиќ на социјалните мрежи напиша оти Наум Петрески добил 1. 107.000 денари од Влада, а потоа во друго интервју ги критикувал властите. 

Прочитајте го целиот статус: 

Ако човек сака да биде признат, релевантен, угледен во општеството; ако човек сака граѓаните да ја слушаат неговата музика, во крајна мера ако авторот сака граѓаните да ја конзумираат неговата уметност, тој/таа, изведувач/ка или перформер/ка не смее да лаже. Оти, нели, уметноста е пред се’ работа на вистина, а не на лага.

Еден од таквите лажни уметници, а со тоа и лажни личности е, пресветлиот народњак, Наум Петрески, лично.

Фото: Принтскрин

Прво, господинот музикант, Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) добил пари од Владата преку „Јавниот повик за финансиска поддршка на индустријата за организација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија“.

Парите кои Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) ги добил од Владата на РСМ изнесуваат: 1. 107.000 денари.

Од друга страна, во „Фокус“, тој истиот Наум Петрески (сакам да бидам уметник) изјавува: „Немам коментар. Долу Влада“, па уште вели Наум, „најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа било тоа“, ни беседи Наум (што сака да биде уметник).

За на крајот, уште да ја политизира самата изјава, па вели: „Затоа ја губиме и ја изгубивме земјата“.
Ем добива помош, ем ја п(л)ука Владата.

Може ли уште подолу, Науме, таго неопеана! Може ли уште по бедно, Науме?! Нема потреба Наум да ја жали Деспина, Наум Петрески е самиот за жалење. Ако има грижа на совест што оваа Влада не му е по мера, па уште и таквата Владата му помогнала во корона криза, нека ги врати парите. Нели е тоа фер за нашиот народњак што сака да биде уметник?

Плукај, Науме. Пеј и плукај!“, пишува Јовановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот