Јокиќ во Топ 10 најдобри кошаркари на планетата! (ФОТО)

twitter.com/SLAMonline

Центарот на Денвер Нагетс оствари напредок во однос на минатата сезона кога Јокиќ беше на 12 место.

„ЕСПН“ поставува прашање дали најдобриот центар на листата може да скокне и до МВП ниво, иако во текот на секоја од досегашните четири НБА сезони заврши во топ 10 во категоријата „плус-минус“.

– Јокиќ ги прави играчите подобри, го користи својот одличен преглед на паркетот да го води нападот на Нагетси од „висок пост“. За Нагетси е неопходно да биде поагресивен и да ја подигне својата игра на последно ниво. Неговата можност тоа да го направи ќе одреди дали Нагетси можат да бидат кандидати за титулата се вели во оценката на американскиот медиум.

Пред српскиот центар се наоѓаат Стеф Кари, Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Леброн Џејмс до третото место, откако ЕСПН најдобрите двајца на лигата сеуште не ги објави, иако е јасно дека станува збор за Кевин Дурент и Кавај Ленард.

Зад Јокиќ се Џоел Ембид, Демијан Лилард, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг, Расел Вестбрук, Си Џеј Меколум.

Интересно е тоа што „ЕСПН“ многу високо го рангираше Лука Дончиќ на 16 место на листата, па Словенецот заедно со Јокиќ се најдобрите позиционирани играчи од овие простори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот