Јавна анкета на два ДУП-а во Карпош, граѓаните до крајот на август можат да даваат забелешки

Општина Карпош
Општина Карпош/ Фото: Фејсбук

Два предложени детални урбанистички планови за делови од општина Карпош од денеска се на јавна анкета, а заинтересираните граѓани ќе можат да видат што предвидуваат овие планови и да дадат забелешки и мислења за нив најдоцна до 31 август.

Станува збор за Предлог ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02, кој го опфаќа просторот помеѓу улица Никола Парапунов, булевар Партизански одреди и кејот на Вардар, односно површина од речиси 12 хектари во Карпош 4. Јавната презентација на овој план ќе се одржи на 23 август во 13 часот во просториите на Општина Карпош, каде е и изложен планот кој граѓаните можат да го видат секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Вториот план е Предлог ДУП за Градска четврт 3 06, блок 05, чија презентација ќе се случи ден подоцна во истото време и на истото место, а се однесува на простор од 6,57 хектари во Тафталиџе кај гимназијата „Нова“ или како што е прецизирано од Општина Карпош, планскиот опфат е меѓу улиците Прашка, С7, Лондонска и Митрополит Теодосиј Гологанов.

Во определениот рок, како што информираат од Општина Карпош, заинтересираните правни и физички лица од конкретните подрачја опфатени со плановите, можат да достават писмени забелешки на анкетни листови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот