Јавна анкета на два ДУП-а во Центар, за Кале и за Француски гробишта

Од денеска започнуваат јавните анкети за деталните урбанистички планови Градска четврт ЦС 14 за Кале и СРЦ „Кале“и Градска четврт ЦС 01 за Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2.

Предлог-деталните урбанистички планови, како што информираат од Општина Центар ќе бидат изложени во читалната „Славко Јаневски“ на улица Димитрие Чуповски број 23, секој работен ден од 8 до 16 часот од денеска до 16 септември, односно речиси два месеци.

Во овој временски интервал граѓаните до Одделението за планирање во Општина Центар ќе можат да поднесуваат анкетни листови со забелешки и предлози во врска со предложените планови.Поради летниот период, за завршување на јавната анкета е даден рок од 40 работни дена, во кој граѓаните ќе можат да ги доставуваат анкетните листови – објаснуваат од Центар.

Јавните презентации на предложените ДУП Градска четврт ЦС 14 и ДУП Градска четврт ЦС 01 ќе се одржат во Музејот на современа уметност на 29 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот