„Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По потресните снимки кои се ширеа по социјалните мрежи од протестите во Србија и полициското насилство врз демонстрантите, полицијата и војниците во Ниш ја покажаа својата хумана страна.

На вчерашните протести во градот, кога демонстрантите беа собрани пред полициската станица во Ниш и извикуваа: „Извадете ги шлемовите“, целиот кордон под целосна опрема не возврати со сила, туку се повлече кон станицата.

Присутните на Фејсбук напишаа дека по повикот што го примил командирот на нишката полиција, тој рекол: „Јас да го тепам мојот народ не можам“ и им наредил на полицајците да се повлечат во зградата, по што следел аплауз од сите демонстранти.

Posle poziva preko Motorole koji je primio komandir NIŠKOG MUPA … IZGOVORENA JE REČENICA..,, JA DA BIJEM MOJ NAROD NE MOGU…" A ONDA JE NAREDIO POLICIJI DA UĐE U ZGRADU … BRAVO ZA NIŠKU POLICIJUUUU ????

Publiée par Anta Anta sur Mercredi 8 juillet 2020

 

Војската одби да излезе на улица

Синоќа во спречувањето на демонстрациите во Ниш требало да учествува и 63-та падобранска бригада на српската армија, а како што потврди за Нова.рс Дејан Павловиќ, претседателот на воениот синдикат, оваа бригада одбила да излезе на улица.

Наводно министерот за одбрана, Александар Вулин, сакал да ги ангажира припадниците на 63. падобранска бригада бидејќи полицијата немала доволно луѓе во Ниш.

„Припадниците на жандармеријата отидоа во Белград и тогаш беше побарана помош од вооружените сили, но членовите на 63-та падобранска бригада одбија“, рече Павловиќ.

Тој откри дека припадниците на војската децидно му кажале дека ќе одбијат каква било слична наредба и дека војската има многу повеќе причини да застане покрај тие граѓани, а не наспроти нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот