Јапонски тест го открива ризикот од мозочен удар! Проверете го здравјето на мозокот за 20 секунди

Мозокот има клучна улога во здравјето на луѓето и битно е да се зачува.

Ако дојде до оштетување на крвните садови на мозокот, на човекот му се заканува мозочен удар. По мозочниот удар, погодениот дел од мозокот престанува да функционира и се појавуваат нерволошки испади.

Јапонски научници измислиле тест кој лесно може да го процени ризикот од мозочен удар.

Поточно, тоа е тест за рамнотежа на една нога, за кој се верува дека е многу добар показател за веројатност за мозочен удар.

Јасухруру Табара и неговите колеги од универзитетот Кјото, спровеле анкета во која учествувале 1300 испитаници, во просек над 67 години. На сите испитаници им била доделена задача да стојат на едната нога со отворени очи, одржувајќи рамнотежа 20 секунди во оваа позицица.

Овој тест се темели на идејата дека одржувањето на рамнотежа е најдобриот показател за функционалноста на мозокот.

Луѓето кои не можат да го издржат тестот, треба да посетат лекар, освен ако имаат некоја друга физичка причина (како што е повреда на ногата).

Потоа, било проверено нивното здравје на мозокот, а резултатите покажале дека повеќе од 30 проценти од испитаниците кои се бореле да одржат рамнотежа, всушност имаат различни проблеми со мозокот.

Овој тест е одобрен од научници и од доктори.

Иако претходно имало студии поврзани со држењето и нерамнотежата, со можни абнормалности на мозокот, ова е првиот тест кој го дал точното време во кое може да се утврди што е нормално, а што не, а со тоа да се зголеми прецизноста на тестот, пишува Quartz.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот