Јапонија ја продолжува вонредната состојба до крајот на септември

Ковид Јапонија
Јапонија/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонските власти објавија дека вонредната состојба во државата поради коронавирусот во Токијо и на 18 други области, ќе биде продолжена до крајот на септември бидејќи притисокот на здравствениот систем и понатаму е голем, пренесува Ројтерс.

Вонредната состојба, која требаше да трае до крајот на неделава, најпрвин беше воведена во мај во Окинава, а потоа постепено се прошири и во другите области.

И покрај долгото траење на вонредната состојба, мерките не ги даваат посакуваните резултати бидејќи исцрпените граѓани сe повеќе ги игнорираат, имајќи предвид дека нивната примена е доброволна.

Бројот на нови инфекции во Јапонија во претходните денови падна, но бројот на сериозно болни лица е се уште висок, поради што болниците се полни.

Премиерот Јошихиде Суга ги повика граѓаните да продолжат да работат од дома и да ги почитуваат другите мерки за социјално дистанцирање.

Суга не го издржа притисокот, јапонскиот премиер по една година се повлекува од функцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот