Јанева: Ние сме професионалци

Ние сме професионалци. Се надеваме дека цел тим ќе останеме уште еден мандат да работиме. Тоа ни е желба. Ги поддржувам сите мои колеги. Имаме уште две места кои се ослободени, посочи денеска специјалната обвинителка, Катица Јанева. Според одлуката на Советот на јавни обвинители, како што нагласи таа, имаме право уште двајца колеги да бидат дел од тимот.

– Мислам дека тоа ќе биде во ингеренции на Советот за јавни обвинители. Ние знаете дека во моментот кога бевме избрани јас и мојот тим пред 3,5 години, не калкулиравме со тоа да останеме трајно – нагласи Јанева.

Иако имаме индиции како се случувале Кумановските настани, немаме најдено телефонски разговори за да воспоставиме надлежност врз предметот, рече Јанева, одговарајќи на новинарско прашање околу предистражната постапка за случајот. Јанева додаде дека преземањето на тој предмет од страна на СЈО засега е неизвесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот