ЈАНЕВА ЌЕ ПОНУДИ ИМОТ ЗА ДОМАШЕН ПРИТВОР: Погледнете што сè поседува поранешната шефица на СЈО

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и шоуменот Бојан Јовановски познат како Боки 13 се добри и примерни притвореници. Двајцата ги почитуваат правилата на институцијата. Вака накусо од истражниот затвор „Скопје“ ја опишуваат општата состојба на Јанева и Јовановски, двајца од вкупно тројцата приведени за аферата „Рекет“. Третиот е Зоран Милески викан Зоки Кичеец, кој исто како и првите двајца бил примерен притвореник.

Јанева и Јовановски, според нивните бранители и најблиски, имаат нарушено здравје. Здравјето на Јанева било кревко, особено психички, и е под постојана терапија со лекови. Таа во истражниот затвор „Шутка“ е веќе 28 дена. Уште првите денови, затворската управа, постапи најпрофесионално, односно, поради тогашната нејзина состојба, вечерта на 21-ви минатиот месец не ја смести во „женското одделение“, туку во посебна соба со уште една жена.

Влошено е здравјето и на Јовановски и Милески. Двајцата неколку пати беа носени на лекарски прегледи. Адвокатот на Јовановски неодамна потврди дека Боки 13 постојано има болки во желудникот и нагони за повраќање поради претходни оперативни зафати.

Кичеец пак еднаш по негово барање беше пренесен во клиниката на Жан Митрев каде му се правеа прегледи на абдоменалниот тракт. И тој беше еднаш однесен во комплексот клиники за преглед, но бидејќи состојбата не била аларматна, исто како и Јовановски, беше враќан во притвор.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, потврди дека здравствената состојба на Јанева е лоша. Јанева сака да излезе од притвор и тоа ќе се бара, соопшти вчера Фркоска. Таа најави дека ќе бара укинување на мерката притвор за поранешната специјална обвинителка. Адвокатката посочи и дека Јанева како поранешен обвинител, а не актуелен, сега не може да прави ништо и додаде:

„Ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“.

Ова е дел од првичниот имот кој Јанева го има пријавено пред надлежните власти во земјава, а планира да го искористи како гаранција за замена на затворскиот за домашен притвор. Се знае дека таа поседува голем недвижен имот. Поседува земјоделско земјиште, куќа и плац во Гевгелија и во околината, два стана во Скопје, едниот 72 квадратни метри, а вториот 68 квадрати. Овие два стана се водат на име на нејзините две деца, синот и ќерката. Јанева има неколку моторни возила. Нејзино лично возило е „ровер 45“ од 2001 година, додека нејзините деца поседуваат возила „ауди А6„ и „голф 4“. Јанева поседува и возило „хингај“ кој гласел на нејзиниот покоен сопруг, а во две македонски банки има четири депозити во вкупна вредност од близу седум милиони денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот