Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски солиден во новиот настап за Тренто во Еврокупот

Денеска во 13 коло од кошаркарскиот Еврокуп екипата на Тренто загуби на гостувањето кај Турк Телеком со резултат 92:86.

Најефикасен за турската екипа беше Американецот К. Бенкстон со 14 поени, следен од Канаѓанецот К. Александер со 13 поени.

На спротивната страна кај поразените Американецот П. Олдриџ и литванскиот интернационалец М. Јогела запишаа по 16 поени.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски за италијанскиот претставник за 21:17 минути на паркетот имаше шест поени, три скока и една асистенција.

После шестиот пораз сезонава Тренто е на петтото место во групата Б, веднаш зад Турк Телеком на четвртата позиција.

Во следното кол Тренто на 13 јануари ќе го пречека грчкиот Паниониос, додека Турк Телеком следниот ден е домаќин на Лондон Лајонс од Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот