Јакимовски со најдобар старт во НЦАА лигата, блесна во уште еден натпревар

Фото: Washington State Cougars

Тимот на Вашингтон стигна и до втората победа на стартот од сезоната во НЦАА откако на домашен терен го совлада Прејри Вју со 83:65.

Андреј Јакимовски повторно беше еден од најдобрите на теренот и за 31 минута на теренот малку му фалеше за дабл-дабл ефект. Натпреварот Јакимовски го заврши со 14 поени, 9 скока и 6/8 од игра, а додаде уште четири украдени топки и две асистенции.

Во првите два натпревари тој веќе постигна 35 поени и така дојде до најдобриот старт во НЦАА лигата.

Во следниот натпревар Јакимовски и Вашингтон го играат на 24. ноември против Јута Тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот