Јакимовски се пријави за хуманитарен лет, но и натаму е на „листата на чекање“!

фото: kfsm.mk

Во Италија и официјално е завршена кошаркарската сезона, а македонскиот репрезентативец и самиот не знае кога и како би го напуштил градот Торино.

Нашиот млад репрезентативец повеќе од еден месец е „заглавен“ во Торино, а во меѓувреме кошаркарското првенство во Италија (во сите рангови на натпреварување) и официјално е прекинато поради пандемијата на коронавирусот, одлучи првиот човек на тамошната федерација, Џовани Петручи.

Воедно во соопштението се наведува дека федерацијата е одлучна во намерата да го заштити здравјето на спортистите, тренерите, судиите и сите кои учествуваат во организација на натпреварувањето и нивните семејства.

Земени се предвид и мерките за социјално дистанцирање како и тоа што на многу од клубовите им беше дозволено да ги ослободат странските кошаркари да ја напуштат Италија.

Таква дозвола има и македонскиот кошаркар Андреј Jакимовски, но никако да најде начин да си замине од Торино, градот во кој се наоѓа неговиот сегашен клуб, информира нашата федерација.

Нашиот млад репрезентативец повеќе од еден месец е „заглавен“ во Торино, не знае и самиот кога и како би го напуштил градот во областа Пиемонт, една од најзагрозените во овие неприлики за човештвото.

Веројатно така ни е судено, да чекаме, нема што друго да правиме. Ги почитувавме максимално забраните кои и натаму се во сила и за кои мислам дека ќе потраат уште долго време, можеби и еден месец. Не ни преостанува многу друго, она што можев го направив.

Се пријавив за хуманитарен лет, и тоа уште пред три недели. Но, до овој момент немаме никаква информација дали е изводливо тоа да се направи од Италија, Нема друго, мора да бидеме мирни и трпеливи. Ќе помине и ова. Ми недостасува кошарката, но во овој момент најважно е здравјето – порачува Јакимовски од Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот