Ја тестирале на кучиња, мачки и арктички лисици: Русија регистрира анти-ковид вакцина против за животни

Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против ковид-19 за животни, соопшти денеска Дирекцијата за безбедносна контрола во земјоделството.

Вакцината за животни „Карнивак-Сов“ е развиена од Роселхознадзор. Во клиничките испитувања, што почнаа во октомври минатата година, беа вклучени кучиња, мачки, арктички лисици, нутрии, лисици и други животни.

– Резултатите од тестирањата ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и обезбедува висока заштита затоа што сите вакцинирани животни развиле антитела на Ковид-19 во 100 проценти од случаите, изјави заменик-директорот на Роселхознадзор, Константин Савенков.

Тој додаде дека имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето. Масовното производство на вакцината може да започне веќе во април. Русија веќе има три вакцини против ковид-19 за луѓе, од кои најпозната е „Спутник V“. Москва, исто така, итно одобри уште две вакцини, „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот