Ја сакале двајца композитори, животот го минала во стеги, била виртуоз, а нејзиниот лик се нашол на парата од 100 германски марки

фејсбук

Нејзиниот портрет на многумина им е познат од некогашната пара од 100 германски марки. Оваа композиторка и успешна пијанистка, чија концертна кариера траела дури цели 61 година, уште како девојче настапувала пред големиот Гете. Сепак најпозната е како голема љубов на славниот композитор Роберт Шуман.

Најважните мажи во животот на Клара Шуман (13. 9. 1819. – 20. 5. 1896.), и татко ѝ и сопругот, биле доминантни и склони на контрола што некој кој е повеќе чувствителен овој надзор би можел да го нарече и злоставување. И двајцата и наметнале крута стега, и двајцата ги читале нејзините дневници и ѝ го одредувале дневниот распоред, а кога се омажила, речиси секој миг целото нејзино внимание морало да биде насочено кон сопругот, и во служба на неговите дела. Сепак, се ова е само една линија од приказната, зашто животот на Клара Шуман, благодарение на нејзината посветеност и снага, е многу повеќе од тоа.

profimedia

Клара Џозефина Вик била родена на 13 септември 1819, во Лајпциг. Родителите се развеле кога имала четири години, а таа останала да живее со таткото Фридрих, кој студирал теологија, ама се прославил како одличен професор по клавир. Таткото набргу го увидел талентот на Клара, и сметал дека треба да го добие најдоброто музичко образование, дури и на штета на нејзиното општо образование. Клара со него учела клавир, а виолина, теорија и музика учела со најдобрите професори кои постоеле во Лајпциг, Дрезден и Берлин. Всушност, Клара научила да свири Клавир пред да научи да зборува.

Со 9 години, во 1828, Клара свирела пиано во куќата на докторот Ернста Карус, директор на психијатриската клиника. На таа уметничка вечер бил повикан уште еден млад и талентиран пијанист, 9 години постар од Клара, Роберт Шуман. Воодушевен од настапот на Клара, Шуман побарал од мајка му дозвола да ги напушти студиите по право, кои никогаш не го интересирале, и да почне да зема часови од таткото на Клара.

profimedia

Шуман веќе следната година живеел во семејството Вик. Во тоа време, Клара растела покрај строгиот и амбициозен татко, кој се обидувал од неа да направи „чудо од дете“. Покрај тоа, заедно со Шуман, воделе дневник на нејзиниот живот, потполно контролирајќи го нејзиниот развој. До 1838, кога има 19 години, Клара под патронатот на татко ѝ, кој воедно и бил и менаџер, настапувала на турнеи низ Германија, Австралија и Франција.

Свирела пред Гете, Паганини, Лист, а како тинејџерка почнала и сама да компонира

Сама почнала да го избира својот репертоар, го свирела Бах, Скарлати, Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шопен, Менделсон и композиторот кој никој не го изведувал – Роберт Шуман. И се тоа го свирела напамет, без партитури.

Клара и Роберт Шуман, профимедиа

До 1836 година, Клара била потполно маѓепсана од Шуман. Татко ѝ пак, сметал дека Шуман е само еден во низата на непознати композитори, додека неговата ќерка веќе била позната и признаена. За да ги ограничи средбите на Клара и Шуман, Фридрих Вик ги прекинал сите односи со Шуман, а Клара ја испратил во Дрезден, организирајќи ѝ густ распоред на настапи кои траеле и по седум месеци.

Клара и Роберт, Фејсбук

Со години Клара била поделена меѓу двата најважни мажи во својот живот. Бидејќи била малолетна, според германскиот закон не смеела да се омажи без дозвола на татко ѝ, која не можела да ја добие, а Шуман се обидувал преку суд да добие дозвола, ама бидејќи Фридрих Вик изнел низа обвинувања на негова сметка, од финансиска неодговорност до алкохолизам, судот го забранил склопувањето на брак.

По година судска битка, Клара и Шуман се венчале во 1840, ден пред нејзиниот 21. роденден.

Со бракот влегла во втор „затвор“

Со бракот доста нешта се измениле, но и доста нешта останале исти, зашто од еден вид на стеги поминала на други ограничувања. Шуман бил депресивен, меланхоличен човек, со слаби нерви, потекнувал од семејство во кое мајка му болувала од депресија, сестра му се убила, а татко му умрел млад во состојба на целосно душевно растројство. Таков, психички нестабилен, му пречело кога Клара вежбала и инсистирал целото време да го минува со неа и да му помага при компонирање.

Како и во родителската куќа и во оваа постојано била под некој вид на надзор, зашто како и татко ѝ, и маж ѝ го читал нејзиниот дневник.

Четири години живееле во Лајпциг, каде Шуман доживеал неколку нервни слома, па по препорака на лекарот се преселиле во Дрезден. Му родила десетина деца од кои две починале, а останатите 8 ги одгледувале дадилки, како што било вообичаено во тоа време.

И покрај создавањето на толку големо семејство, Клара продолжила да настапува и да оди по турнеи, да компонира, да држи часови по клавир, и цело време да го поддржува својот маж во работата и кариерата. Низ нивниот дом поминале врвни уметници, а на своите концерти Клара ги изведувала и делата на Шуман и така го прославила низ цела Европа и Русија.

Јоханес Брамс, профимедиа

Клара и Шуман во 1853 година го запознале младиот и талентиран Јоханес Брамс, кој некое време живеел со нив. Брамс често се грижел за децата додека Клара била по турнеи, и останал близок нејзин пријател до крајот на животот.

Во следните години, пријателите навистина ѝ биле потребни, зашто како времето минувало, Шуман се повеќе пател од својата ментална болест. Нервните кризи му станувале се посилни и почести, а со нив и конфликтите со околината. Халуцинирал, слушал непостоечки тонови, имал потешкотии со говорот, а во екот на Рајнскиот карневал скокнал во Рајна ободувајќи да се самоубие, но од некој рибар бил спасен во последен миг. По оваа случка бил сместен во Заводот за нервни болести во близина на Бон, каде починал две години подоцна. Шуман умрел во јули, 1858, а Клара станала вдовица на само 36 години. Во време на неговата смрт, Клара била на врвот на кариерата.

Контроверзиите во многубројните негови биографии се појавуваат околу неговото заминување во болница. Голем број биографи се обиделе да докажат дека Клара го испратила маж ѝ во санаториум, подгревајќи ја оваа верзија дека во болницата го посетила само два дена пред смртта. Според други биографи, Шуман сам барал да го сместат во болница за да не му наштети на семејството, пред се на Клара. Зашто докторите го сметале за опасен, на Клара ѝ било забрането да го посетува.

По смртта на сопругот

После неговата смрт, Клара се издржувала давајќи часови и настапувајќи. Нејзините композиции останале релативно непознати до 1870. Во текот на овие години Клара најмногу се посветила на делата на Шуман, а на концертите само нив ги изведувала. Од 1878., станува главна професорка по клавир на конзерваториумот во Франкфурт, а и понатаму настапува како пијанистка. Часови држела се до смртта. Умрела од срцев удар на 20 мај 1896.

профимедиа

Го надживеала полни 40 години. Подоцна се дознало дека уште еден голем композитор, токму нејзинот пријател Јоханес Брамс, бил вљубен во неа. За вистинската природа на односот на Клара и Брамс може само да се претпоставува, зашто таа никогаш не се изјаснила, но од писмата кои си ги разменувале се до нејзината смрт, можат да се видат чувствата за неа на Брамс.

фејсбук

Клара Шуман во историјата влегла како врвна пијанистка, славена и призната, која целиот живот го посветила на музиката, приредувајќи го последниот концерт пет години пред смртта, во својата 76 година. Стотина години подноцна, Германија ѝ искажала чест и нејзиниот лик се нашол на парата од 100 германски марки.

Нејзината биографија е приказна за една од ретките жени на ова време, која успеала да оствари меѓународна кариера во епоха во која владееле исклучително мажите и да се избори за своето место во историјата на музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот