Ја плати цената за поразите: Ацо Петровиќ повеќе не е тренер на МЗТ

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ/фото: mztskopjeaerodrom.mk

По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата МЗТ и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.

Искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава, откако претходно беше предводник на нашиот тим во периодот помеѓу 2001 и 2007 година односно помеѓу 2009 и 2011 година.

Петровиќ минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор. Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелата.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Петровиќ, но се потенцира дека потрагата е веќе започната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот