Израел: Лажна, срамна и одвратна е наредбата на Меѓународниот суд на правдата

Израел знаме Фото: МИА

Израелскиот Национален совет за безбедност и Министерството за надворешни работи вечерва ја означија како „лажна, срамна и одвратна“ наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) Израел да ги прекине операциите во Газа кои ризикуваат да го уништат цивилното население на југот на палестинската територија.

-По ужасниот терористички напад врз граѓаните на Израел на 7 октомври 2023 година, Израел започна праведна одбранбена војна за да ја елиминира терористичката организација Хамас и да ги ослободи нашите заложници –  се вели во заедничката изјава на Советот и Министерството.

-Израел го прави тоа во согласност со правото да ја брани својата територија и своите граѓани придржувајќи се до моралните вредности и меѓународното право – се додава во соопштението.

Дополнително, се тврди дека „Израел не извршил и нема да изврши воени операции во областа Рафа за да создаде услови кои би можеле да доведат до целосно или делумно уништување на палестинското цивилно население“.

МСП денеска му нареди на Израел веднаш да го запре нападот врз градот Рафа.

Претседателот на највисокиот суд на ОН, Наваф Салам, изјави дека ситуацијата во Рафа уште повеќе се влошила и сега е класифицирана како „катастрофална“, што значи дека претходните привремени судски мерки не се доволни поради промената на ситуацијата, објавија израелските медиуми.

Меѓународниот суд во Хаг му нареди на Израел веднаш да ја прекине војната во Рафах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот