Изработена Студија за зеленилото во Карпош, во општината има четвртина од вкупниот број дрвја во Скопје

Фото: Слободен печат/ Анета Стојковска

Според официјалните податоци од Зелениот катастар на Скопје, од вкупно евидентираните дрвја во главниот град, 27,8 отсто или 22.362 дрвја се наоѓаат на територија на Карпош, додека пак бројот на грмушки на територија на општината изнесува 7.942 примероци или 17,5 отсто од вкупниот број грмушки на градско ниво.

Ова, меѓу другото, е наведено во Студијата за урбаната дендрофлора во Општина Карпош, што на барање на општинскиот Сектор за екологија и енергетска ефикасност ја изработија професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Истражувањето кое го спроведоа професорите Бојан Симовски, Иван Минчев и асистентот м-р Владимир Стојановски е изведено како нераскинлив дел од зеленилото во општина Карпош кое е застапено по градски четврти, а истото е во согласност со ГУП-от на Град Скопје за периодот 2012 – 2022 година. Ваквиот начин на анализа овозможува реални показатели за квалитетот на живот на карпошани, од аспект на застапеното урбано зеленило кое се наоѓа во нивното непосредно животно опкружување – информираат од Општина Карпош

Фото: Општина Карпош

Во анализата на урбаната дендрофлора на локално ниво, се наведува дека зелените површини во општина Карпош не се само естетски додатоци на урбаниот пејзаж, туку тие претставуваат клучни компоненти на локалниот екосистем.

Од Општината истакнуваат дека со изработката на оваа студија се добиваат релевантни податоци и показатели, во која насока треба да ја гради долгорочната стратегија за развој на екологијата и одржувањето на здравата животна средина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот