Изминатово деноноќие 49 лица не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатово деноноќие, според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Оттаму посочуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот