Изминатата седмица 120 новозаразени со коронавирусот во Охрид, 54 во Струга, 21 во Дебар

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 24 до 30 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 195 лица и тоа кај 120 од Општина Охрид, кај 54 од Струга и 21 лице од Општина Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 231 материјал за испитување 105 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 126 материјали зе земени при тестирање со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Во Охрид има 232 активни случаја на КОВИД-19, во Струга 101, а во Дебар 58. Во односниот период оздравени се 27 лица од Охрид, 31 лице од Струга и 13 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани десет смртни случаи поврзани со КОВИД-19, од кои два во Охрид, пет во општина Струга и три во Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 1860 лица, од кои 702 лица во општините Охрид и Дебрца, 822 лица во општините Струга и Вевчани и 336 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс за целиот период од избувнувањето на епидемијата во односниот регион изнесува 23 починати пациенти од општина Охрид, 75 од општина Струга и 18 од Дебар и Центар Жупа.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид предупредуваат дека во овој период коронавирусот е широко распространет во локална трансмисија и со засилена активност, со апел за одговорно однесување и придржување кон мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

-Во овој момент единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 и тоа правилна употреба на заштитните маски, одржување социјална и физичка дистанца, избегнување јавни собири и групирања, како и често миење раце, посочуваат од Центарот за јавно здравје – Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот