Хрватски манекен е осомничен дека со измами ќарил пет милиони евра
Роберт Дикаприо и неговата партнерка Ирис К. се во центарот на голема акција што ја започнаа минатата недела хрватската полиција и УСКОК (Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал). Станува збор за двајца претприемачи кои регистрирале компании за недвижности на нивно име, а се осомничени дека преку нив переле пари и ги користеле за лажни регистрации на сопственост на недвижности, пишува Индекс.хр.
Препорачано
УСКОК ги поврзува со препродажба на околу 60 килограми кокаин, амфетамини и марихуана, но сè уште не е познато колку заработиле од тој нелегален бизнис. Во меѓувреме, беше пресметано дека тие предизвикале штета од речиси пет милиони евра преку измами со недвижности,
Презимето на првиот осомничен било Јотановиќ, пред да го промени презимето во Дикаприо. Тој е сопственик на компанија регистрирана во Загреб.
Покрај нив двајцата, уапсени се уште околу 15 лица. Меѓу осомничените е и таткото на Дикаприо, Анѓелко.
Роберт Дикаприо, сега 37-годишен, бил успешен модел пред повеќе од десет години. Пред околу 10 години, бил уапсен за дрога, пишува Индекс.
Медиумите известуваат дека УСКОК се сомнева дека Дикпарио украл пет имоти низ Хрватска за само една година. Притоа, тој користел несигурни договори за продажба и други правни документи, искористувајќи го фактот дека личните идентификациски броеви на сопствениците (OIB) не биле евидентирани во тапиите за сопственост на изводот од катастарот на недвижности или сопствениците не можеле да ги заштитат своите законски интереси од други причини.
Тие го префрлиле сопствеништвото на таквите имоти врз основа на несигурни договори за продажба и други невистинити правни акти што ги создале самите, со цел да ја земат сопственоста и поседувањето од законски регистрираните сопственици и да ги задржат имотите стекнати на тој начин или да ги продадат.
Секој недвижен имот бил конфискуван во неколку правни чекори, по што новите сопственици, кои немале право на имотот, биле регистрирани во катастарите на недвижности. Според Индекс, УСКОК ќе побара овие имоти да бидат блокирани, но тоа сè уште не е видливо во катастарите на недвижности.


