Изложбата „До хоризонталната линија“ е поставена во „Зест Галери“ во Стокхолм

Изложбата „До хоризонталната линија“ на Михаела Јовановска и Александар Зафировски од 15 до 27 октомври е поставена во „Зест Галери“ во Стокхолм, Шведска. Двајцата уметници за прв пат заедно се претставуваат пред шведската публика.

Изложбата се состои од повеќе уметнички дела – објекти на ѕид во големи формати (различни димензии) работени со акрилна боја, кои иницираат наративност во статичниот, замрзнатиот елемент на времето и просторот. На делата е прикажано небото наспроти полиња насликани во својот реалистичен изглед постепено преоѓајќи во апстрактна замисла, а нивното „завршување“ е исказ на длабочината на човековата мисла и емоција.

– „До хоризонталната линија“ е проект во кој Александар Зафировски работи на површината, односно просторот под хоризонтот, а Михаела Јовановска отсликува нарација над таа линија. Секоја страна на гледиште дадена од уметникот брани емоција во контраст на другата и пробува да игра неспојлива улога како само свое цело, избегнувајќи го пресекот помеѓу двете што ги спојува создавајќи го единствениот приказ. Овој пристап објаснува како единката чувствува постојана потреба да се разликува или одвои со своите специфики, избегнувајќи да одговори за важноста на другото, избегнувајќи го хоризонтот и просторот под него – објаснува Михаела Јовановска.

Изложбата е реализирана со покана од галеријата „Зест“ и поддржана е од македонското Министерство за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот