Изложба во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: Илјада години Бигорски манастир

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во соработка со „Ансамбл Македонија“ на 19 август во галеријата на центарот ја отворија изложбата со наслов „Илјада години Бигорски манастир“. „Ансамбл Македонија“ во соработка со Бигорскиот манастир подготви изложба со дваесетина најдрагоцени икони по повод прославувањето на 1000 години постоење на манастирот.

На изложбата се прикажани осум олтарни икони, две чудотворни икони, две тронски икони (Владички и Игуменски трон), три икони од 16-иот век, еден капак од Кивот од Светите мошти, една плаштеница и две фрескоикони. Иконите се прикажани во нивната оригинална големина. Изложбата се состои од верни реплики на икони, фрески и плаштеница.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 45, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-23 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот