Изложба на графичката работилница „Софија – Богданци“ ќе биде поставена во КИЦ-Скопје

Плакат за изложба на графичката работилница „Софија - Богданци“

Отворањето на петтата триенална изложба на графички листови од главната сесија на графичката работилница „Софија – Богданци“ ќе се одржи на 26 јануари, во 20 часот, во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје.

Графичката работилница „Софија – Богданци“ е јадрото на едно продуктивно уметничко движење кое веќе 17-та тековна година ги обединува младите графичари од Македонија и од регионот. Настан кој навидум има само локално значење, но всушност е една успешна регионална приказна која претендира да го одржи приматот на графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз.

Главната сесија се одржува секоја година на крајот на август и почетокот на септември и на неа до сега имаат учествувано над 200 уметници од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Целта на графичката работилница и, пред сè, на главната сесија е да го поттикне традиционалното создавање на графички израз. Учесниците имаат ретка можност да творат во сите традиционални техники (висок, длабок, рамен и пропустен печат) и да разменуваат искуства со графичари од други ликовни академии.

Изложбата во Културно-информативен центар – Скопје ќе биде отворена до 13 февруари оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот