Излезе „Културен печат“ број 94 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 94, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-22.08.2021), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз: Силно веруваме дека културата треба да се сподели со светот

– композиторот Панде Шахов и диригентот Паскал Галоа иницираа проект за камерен оперски ансамбл

– фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“ го пронајде своето вистинско место

– најава на ретроспективна изложба на Тања Балаќ – Уметница со исконски порив да слика

– Струшките вечери на поезијата 2021 ќе се одржат со комбинирана поетска програма

– „Кроација рекордс“ го реобјави поетското издание „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна“ на компакт-диск

– Фондацијата „Славко Јаневски“ ја врачи наградата „Роман на годината“ на Владимир Јанковски

– Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ има 17-годишна традиција градена со истрајност и континуитет

– Фестивалот на нова музика „Здраво млади!“ ќе се одржи во еднодневно издание

– јубилеен концерт на „Фолтин“ во Хераклеја на 21 август

– балерината и балетски педагог Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува на фестивал за современ танц во Рига, Латвија

– македонскиот поет и есеист Санде Стојчевски е добитник на високо меѓународно признание на фестивалот „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш“ во Романија

– меѓународната книжевна награда „Наџи Намаан“ е ново признание за македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски

– манифестацијата „100.000 поети за промена“ распиша поетски конкурс и конкурс за постер за 11. издание на Фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот