Излезе „Културен печат“ број 76 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 76, во печатеното издание на „Слободен печат“ (10-11.04.2021), го отвораме со фотографии од претстави на Скопје танцовиот театар, кој неделава одбележа 10 години од првиот перформанс, а меѓу содржините има:

– интервју со Тимчо Апостолов за монографијата „Гордоста на Кавадарци“: Поинаков паметник за успешните кавадарчани

– разговор со актерот Бобан Алексоски од Театар „Златен Елец“

– јубилеј – Десет години Скопје танцов театар

– Националната галерија почна инклузивен проект за прифаќање на лицата со аутизам

– пијанистот Симон Трпчески снимаше нов компакт-диск во студиото М1 на МРТ

– филмска копродукција „Празникот на хризантемите“ со научно фантастичен сет во крушевскиот „Македониум“

– проект РЕАД со можност за резиденција на автори и преведувачи

– крими-трилер „Сигурен ризик“ на Анде Јанков

– урбани легенди – книга со панк-приказната на Перса и Шупак

– збирка песни „Светлина“ на Зоран Пејковски

– книжевен превод на романот „Конци на судбината“ од Марија Дуењас

– сликовница за деца „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот