Излезе „Културен печат“ број 308 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 308, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.11.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– Европски мегдан за Националниот џез-оркестар: Џез-разгледница од Виена, Прага и Будимпешта
– разговор со режисерката и продуцентка Сибел Абдиу: Луѓето во основа ги делат истите потреби, проблеми и соништа
– успехот на фестивалот „Охридско лето“ е резултат на синергија помеѓу корпоративната одговорност и културната традиција
– јубилеен 50-ти „Млад отворен театар“ (МОТ) во МКЦ: Јасен печат на македонската театарска школа
– Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“ ја освои Будимпешта
– филмот „Утре наутро“ на режисерот Јани Бојаџи носи приказна за две силни жени
– ретроспективната изложба „Бучава што создава идентитет“ носи документарна приказна за македонската рок-сцена
– рафиниран звук, бујни емоции и уметничка енергија ќе донесе концертот на „Фолтин“ на 22 ноември во салата на Македонската филхармонија во Скопје
– изложбата „Приказни од маргините“ на Ѓорѓе Јовановиќ од 20 ноември е поставена во Музејот на град Скопје
– визуелна авантура низ форми и материјали претставува изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски во Чифте амам
– Македонското научно друштво – Битола ги објави броевите 16 и 17 од списанието за култура „Современи дијалози“
– првата поетска книга на прилепската авторка Габриела Стојаноска е со наслов „Живи рани, мелем песни“
– поетската збирка „Ноќите кога молчам“ од Силвана Димитриевска ќе биде промовирана на 22 ноември во „Буква“.



