Излезе „Културен печат“ број 23 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 23, во печатеното издание на „Слободен печат“ (21-22.3.2020), на намален број страници поради ситуацијата со коронавирусот, го отвораме со графичките препораки на Зоран Кардула за потребата сите да останеме дома и со фотографии од уметничка акција на скопскиот плоштад, а внатре содржи:

– уметникот Јане Чаловски во Хелсинки го претстави својот „Личен објект“

– поетесата Снежана Стојчевска присуствуваше на првиот фестивал за женско творештво во Црна Гора

– сликарката Марија Павловска открива моменти од својата работа во Њујорк

– филмскиот режисер Игор Алексов открива зошто снимил филм во хорор-жанр

– кантавторот Крсто Роџевски го сними својот нов албум

– и други информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот