Излезе „Културен печат“ број 213 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 213, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.01.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со писателот, поет и академик Влада Урошевиќ: Минатата година беше исклучително дарежлива кон мене
– разговор со полската илустраторка и графичка дизајнерка Наталија Лукомска: Инспирација за секој цртеж, пред сѐ, ми е човекот
– резиме – амбициозно реализирани предизвици на Националната галерија во јубилејната 2023 година
– средба со вокалната солистка Сара Александровска од групата „Авелина“: Веруваме во духот на поднебјето
– издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера
– книгата „Телесност и отелотворување“ на Гоце Наумов открива слоеви на човековото минато
– издавачката куќа „Или-или“ го објави романот за деца „Илина и шумските тролови“ на Хана Корнети
– збирката раскази „Нешто неочекувано“ од американската писателка Кејт Шопен (1850-1904) е објавена со превод на Јелена Милошевиќ
– Центарот за култура и културолошки студии ја објави книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска
– аргентинскиот џез-гитарист Лучано Понѕано ќе настапи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје
– концерт-работилницата „Фамилијата Металковци“ е едукативен проект што се одржува во Филхармонија.



