Излезе „Културен печат“ број 206 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 206

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 206, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.11.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со архитектот Антонио Грујевски: Градовите мора да се зелени, позитивни и прогресивни

– разговор со Маркета Фантова, уметничка директорка на Прашкото квадриенале: Своите идеи сценографите ги пренесуваат преку цртеж

– визуелната поетика на харизматичниот сликар Јордан Манасијески е претставена во луксузно опремена монографија

– меѓународниот центар „Арт поинт – Гумно“ од с. Слоештица со ретроспективна изложба гостува во МКЦ во Скопје

– во галеријата „Галатека“ во Букурешт е поставена изложбата „Над црното“ на Мице Јанкуловски

– изложбата „Помеѓу“ на Славица Јанешлиева е поставена во галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ на ФЛУ при УКИМ во Сули ан

– во галеријата на Домот на култура „АСНОМ“ во Гостивар е поставена изложбата „Страв од НЕпознатото“ на Христина Марковска

– на младинската сцена на Театар за деца и младинци се одржа премиерната изведба на претставата „Како ќе го делиме мачорот?“ во режија на Јане Спасиќ

– претставата „Кенди“ на независниот театар „Златен Елец“ на 48. МОТ ја доби наградата „Биш“ за најдобра независна театарска продукција во 2023 година

– наградата за најдобра режија во програмската секција „Envision“ на ИДФА во Амстердам ја доби Кумјана Новакова за нејзиниот филм „Молкот на разумот“

– во издание на „Студентски сервис“ излезе книгата „Живот меѓу графитни игри и луд ветар“ на проф. д-р Милан Јазбец и м-р Надица Караколева

– во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на 21 ноември беше промовирана книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски

– македонската поетеса Наташа Сарџоска за делото „Часови по измама“ во Риека доби награда за поетска книга објавена надвор од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот