Излезе „Културен печат“ број 102 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 102, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-24.10.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од 40. Скопски џез фестивал, што од 20 до 24 октомври се одржува во Скопје, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со поетот, писател и мислител Тихомир Јанчовски: Конечно научив да постојам во сегашниот момент

– разговор со пијанистката и поетеса Ива Дамјановски: Ме воодушевува поетичноста на свирењето на инструментот теремин

– театарски осврт кон претставата „Работи за кои не зборуваме“ во МНТ: Анонимно олеснување на душата

– филмскиот фестивал „Киненова“ се враќа во кино

– сликарот Мице – Мицко Јанкуловски на уметничкото биенале во Ларнака ја доби наградата „Најдобар уметник“

– македонската уметница Марија Павловска со делото „Госпоѓа и Госпоѓица Х“ e селектирана за учество на престижното 13. Биенале во Фиренца

– Културниот центар „Битрикс“ го одржа седмото издание на Интернационалниот танцов камп и фестивал „Битрикс танцова лига“

– ретроспективна изложба на сликарот и академик Васко Ташковски е поставена во Даут-пашин амам

– шестата самостојна изложба на Лазе Трипков со наслов „Pефлексии на новата реалност“ е поставена во Мала станица

– изложба на цртежи и колажи со наслов „Љубовници во пандемија“ на Јана Манева-Чупоска е отворена во Националниот музеј на Војводина во Нови Сад

– изложбата „До хоризонталната линија“ на Михаела Јовановска и Александар Зафировски е отворена во „Зест галерија“ во Стокхолм

– сеќавање на поетот и писател Србо Ивановски, еден од најзначајните македонски книжевни автори

– драмскиот писател, драматург и колумнист Братислав Димитров ја објави книгата со колумни „Дремка за двајца“

– Здружението за уметност и култура на живеење „Израз“ ја објави книгата „Кој ќе ги изброи пчелите“ од Енес Халиловиќ

– издавачкиот центар „Три“ во рамките на едицијата „Читаме заедно“ го објави романот „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот