Фото: Општина Бутел

Изградено уште едно фитнес игралиште во општина Бутел

Општина Бутел продолжува со реализација на проектот за изградба нови фитнес зони.  Во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ комплетно е изградено уште едно ново фитнес игралиште.

На површина од 100 м2 фитнес зоната е комплетно опремена со потребните реквизити за сите корисници да дојдат до подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба. Реквизитите се едностави и безбедни за употреба и за почетници, како и за искусни корисници и заштитени од оштетувања при нормална употреба – соопшти градоначалникот Дарко Костовски.

Неодамна фитнес игралиште е изградено и во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци. На површина од 100 м2 фитнес зоната е опремена со сите потребните реквизити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот