Изградени 10 нови улици во населените места во Општина Ѓорче Петров

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог од Град Скопје, интензивно работат на изградбата на нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров и како што информираат од Град Скопје, досега се изградени 10 нови улици со вкупна површина од околу 4200 квадратни метри.

– Градежни активности деновиве се реализираат на улицата 73 во населеното место Волково, на вкупна површина од околу 350 квадратни метри. Во рамките на досегашните градежни активности, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населено место Кисела Јабука на површина од 2590 квадратни метри. Во населеното место Ново Село асфалтирани се улица 1 лев крак и улица 1 десен крак на површина од 560 квадратни метри, а во населеното место Волково асфалтирани се улица 3 и улица бб на површина од околу 1050 квадратни метри – информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека, градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор продолжуваат согласно предвидената динамика.

– Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри – велат градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот