Изгореа помошни простории во „Оранжерии Хамзали” кај Струмица

Во пожар кој избувнал денеска околу 8 часот, изгореа помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали”, во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, кои го изгаснале пожарот во 10:15 часот.

Според пожарникарите, причина за пожарот можеби е печка на дрва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот