Изгореа две куќи во тетовско поради неисчистени оџаци

Фото: Приватна архива

Синоќа екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово интервенирале во гасење на две опожарени куќи, една во Тетово, а другата во тетовското село Туденце.

Пламените јазици ја зафатиле само покривната конструкција на објектот во Тетово, но во населеното место Туденце, пожарот целосно ја проголтал куќата во која било цело семејство, кои веднаш го напуштиле објектот и за голема среќа никој не е повреден.

„Во тетовското село Туденце интервениравме со 10 пожарникари и три потивипожарни возила, интервенирано е со часови оти беше стара куќата и требаше подолга интервенција за да се локализира пожарот, изјави Авни Амети командир на ТППЕ – Тетово.

И во двата пожари пламените јазици избувнале поради неисчистени оџаци, ОД ТППЕ – Тетово апелираат граѓаните редовно да ги чистат оџаците, која е една од главните причини за предизвикување на пожари во домовите во тетовско во изминативе неколку месеци.

„Мора да се чистат оџаците, настануваат од пожарите големи штети, ние имаме голем број интервенции со кои некогаш не можеме да се справиме оти покриваме голема територија, го покриваме градот, но и останатите рурални општини од овој регион. Ако се појави некој пожар во некое подалечно село додека стигнеме на лице место, пламените јазици ќе го проголтаат објектот, изјави Авни Амети Командир на ТППЕ Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот