Пожари /фото: МИА

Изгоре голема површина со борова шума помеѓу селата Мамутчево – Милино

Се уште е активен пожарот помеѓу селата Милино и Мамутчево, во реонот на Овче Поле и се уште чади од шумата.

До 17 часот во најголем дел изгоре квалитетна борова шума, според првични проценки, на површина од 30 до 40 хектари помеѓу овие две села, засадена пред повеќе од 50 години, информира за МИА, Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Сликата е повеќе од жална, вели Цветковски. Тој изрази голема благодарност до сите што помогнаа за гасење на пожарот.

Врз него дејствуваа екипи на МВР со хеликоптер и на Дирекцијата за заштита и спасување кои потоа дојдоа да ја гаснат боровата шума со два авиони „Ер трактор“ и правеа големи напори да ја изгасната шумата и покрај силниот ветер кој непрекинато дуваше и го разгоруваше пожарот.

Попладнево во 15:30 часот е изгаснат пожарот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци од страната на Општина Велес, информираат за МИА од ТППЕ Велес и од ЦУК Велес.

Поради ветрот што сеуште дува на терен се оставени тројца пожарникари од ТППЕ Велес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот