Изгледот на Бер Грилс ги зачуди гледачите: Изгледа како порно актер од 70-те (ФОТО)

Авантуристот Бер Грилс се појави ви шоуто „Good Morning Britain” и ги изненади гледачите со својот нов имиџ.

Бер пуштил мустаќи поради кои на социјалните мрежи сега коментираат дека тој изгледа како „порно ѕвезда од седумдесети“.

„Бер ме потсеќа на 70-те“, „Постои ли некоја причина зошто Бер ги носи овие порно мустаќи?“, „Бер Грилс сега изгледа како да излегол од порничите од седумдесетите“, му пишуваа изненадените твитерџии.

Но, Бер има добро оправдување за ваквиот изглед. Имено, тој мустаќите ги пуштил во склоп на движењето Мовембер, чија цел е ширење на свеста за здравјето на мажите.

Сепак, тој призна дека ниту на неговата сопруга не и се допаѓаат неговите мустаќи и дека по Мовембер ќе ги избричи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот