„Изгледаш прекрасно“ Тешка дијагноза и драстична промена на Селма Блер – Еве за што станува збор (ФОТО)

Foto: Earl Gibson

Актерката драстично го промени изгледот по тешка дијагноза.

Во промената на имиџот и помогна седумгодишниот син бидејќи актерката многу нешта повеќе не може да ги направи сама поради страшната болест.

Откако минатата година отворено проговори за дијагнозата мултипла склероза, поради која ги паузираше кариерата и снимањата, Селма Блер (46) редовно ги известува следбениците на Инстаграм за својата здравствена состојба.

Меѓу последните објави е фотографијата на која синот Артур Сент (7) и помага да се ишиша кратко.

https://www.instagram.com/p/BytK0sTnRAG/?utm_source=ig_embed

„Изгледаш прекрасно. Колку за него е важно што ти ја средува фризурата. Дефинитивно ова е спомен за него“, гласи еден од мноштвото коментари.

Инаку, актерката не ни помислила дека е болна туку дека е исцрпена и уморна. Сепак, била на бројни прегледи и ја дознала вистинската состојба. Зад неа се бројни терапии, а за прв пат во јавноста се појави на доделувањето на Оскарите. Црвениот тепих го прошета со бастун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот