Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Фото: „Слободен печат“

Изет Меџити со писмо го известил претседателот на Собранието на Република Северна Македонија дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, дознава „Слободен печат“.

– Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната, мислата и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело. Различното мислење е повеќе од здраво за демократско општество, додека силата на гласот на изборното мнозинство е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа. Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие веродостојни принципа, се случуваат настани што на никаков начин не можат да бидат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ, уште поважно, дури ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети. Со намера да им дадам простор на моите ставови зад кои силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, се вели во писмото на Меџити до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Меѓу другото, тој во писмото вели дека и понатаму ќе биде чувар на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на гласот на гласачот на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот