Изела уво на мртовец, се омажила за затвореник: Шокантниот живот на позната актерка

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Француската актерка Беатрис Дал (58), која се прослави со улогата во филмот „Betty Blue“, може да напише роман кој е поневеројатен од било кој веќе постоечки.

-Никогаш не мислев дека сум убава, но ја имам моќта на привлекување – изјавила еднаш за „Гардијан“, додавајќи дека не жали за ништо во животот, пишува „Блиц.рс“.

Актерката беше во врска со колегата Руперт Еверет, кој се изјасни дека е геј, а Беатрис ја опиша како „Јованка Орлеанка – кога би била бомбаш самоубиец“.

Нејзиниот турбулентен темперамент првпат се манифестирал кога имала само 14 години и побегнала од дома. Сакала панк музика и живеела од крадење. Била во брак двапати. Нејзиниот прв сопруг бил сликарот Жан Франсоа Дал, кој извршил самоубиство три месеци по нивниот развод.

Вториот сопруг, Гуенел Мезијани го запознала додека снимала филм во затвор, а тој отслужувал казна за силување. Таа се раздели од Мезијани во 2014 година, поради насилство.

Исто така, позната е и нејзината врска со раперот Џои Стар.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

-Никогаш не сум живеела со момчето за кое сум се омажила или сум го сакала. Јас живеам сама. И сама ми е многу добро. Видете, сакам да правам сѐ што може да направи еден маж, но многу подобро“, изјави еднаш Беатрис за нејзиниот љубовен живот.

И како ова да не е доволно шокантно, Беатрис во една емисија тврдела дека изела уво на мртовец.

– Еднаш си направивме оброк, сакавме да јадеме затоа што земавме халуциногена дрога. Го пробавме увото. У ла ла, не е голема работа. Во секој случај, типот не се бунеше, не ни знаеше дека му ги изедов ушите – низ смеа изјави таа и ги шокираше сите.

Актерката во неколку наврати била апсена поради поседување хероин и кокаин, а била осудена на условна казна поради кражба на ланче.

Пресвртот во нејзиниот живот се случил во осумдесетите години на минатиот век, кога фотограф ја фотографирал во Париз, по што ја добила главната улога во „Betty Blue“.

– Следното нешто што го знам, јас сум на насловната страница на списанието наречено „Фото“ – изјавила таа за тоа.

– Има многу англиски и американски рок музичари кои ми оддадоа почит како Бети. Навистина сум горда на тоа“, признала актерката која после тоа снимила 75 филмови, но како што вели не се збогатила.

– Немам кола, немам сопствен стан, немам куќа на село. Но, кога ја гледам мојата кариера, знам дека сум добра актерка. Не сакам да станам проститутка. Апсолутно не ги критикувам проститутките, но никогаш не сум прифатила улогата поради пари- изјави Беатрис за „Гардијан“.

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот