Избрана новата влада на Косово

Тој денеска го предложи својот кабинет кој ќе има 15 министерства и два вицепремиери.

Со 86 гласови „За“ и 10 воздржани пратеници изгласана е новата влада во Косово. Премиер ќе биде Албин Курти.

Тој денеска го предложи својот кабинет кој ќе има 15 министерства и два вицепремиери.

За министри од редовите на ВВ Курти ги предложи Албулена Хаџиу за правда, Глаук Коњуфца за надворешни работи, Бесник Бислими за финансии, Розета Хајдари за економиа, Арбен Витиа за Здравство и Блерим Река за евроинтеграции, додека на местото втор вицепремиер е предложен Хаки Абази.

За прв вицепремиер е предложен Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, додека министри од истата партија ќе бидат и Антон Ќуни за одбрана, Агим Велиу за внатрешни работи, Љумир Абиџику за инфраструктура, Бесиан Мустафа за земјоделство, Хикмете Бајрами за образование и Вљора Дурмоши за Култура.

Од претставниците на Српска листа за министер за заедници и враќање Курти го предложи Далибор Јевтиќ и за министер за регионален развој Иван Милојевиќ.

За членка на Владата од групата „Г-6″ на немнозинските етнички заедници е предложена Емилија Реџепи, која ќе го води ресорот на администрација и локална управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот