ИВЗ реагира: Скопскиот суд регистрирал нелегална селефиска заедница

Исламската верска заедница остро го осуди тоа што на почетокот од годинава во Македонија е регистрирана нова верска заедница, наречена Исламска селефиска заедница „Дар Ел Хадис“, со седиште во Скопје.

Според ИВЗ, судот го прекршил законот за правна положба на верска заедница кој не дозволува постоење на две заедници со исто име, учење и религиозна пракса. Сметаат дека новата исламска заедница е штетна за општеството.

– Оваа заедница е потомство на малициозни структури во земјата кои имаат цел длабоко да го нарушуваат единството на муслиманите од Северна Македонија и особено Исламската верска заедница, вели Евзал Синани од ИВЗ.

Овластено лице на новата заедница, која е веќе во регистарот на верски заедници во Македонија, е извесен Шејх Џемаљ Јакупи, а судијката која го потпишала ова решение е Сузана Дончевска од Основниот граѓански суд во Скопје.

– Сметаме дека делото на судијката Дончевска е тенденциозно и со ова дело, таа го прекршила не само Законот за правна положба на црквата, верските заедници и верските групи, туку ја прекршила и правната практика, која за секое основање на верска заедница, мислење треба да даваат петте уставни заедници во Македонија. Законот не дозволува регистрација на две верски заедници кои носат исто име, имаат исти ресурси и учења и ги извршуваат истите религиозни практики, изјави Евзал Синани од ИВЗ.

Од ИВЗ додаваат дека веќе е поднесена жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот