Италијански лекар советува како да избегнете коронавирус: Сува кашлица, без течење на носот, најлесен начин да откриете

Кинеската влада го повикала италијанскиот лекар што работел во болницата Шенжен во Кина да се приклучи кон студиската група што го проучува вирусот што се појави во Вухан.

Тој напишал интересна студија која во моментов кружи по социјалните мрежи.

„Ако на настината личност ѝ тече носот и ја боли грлото, не е заразена со корона затоа што пневмонијата (воспаление на белите дробови) дава сува кашлица, без течење на носот. Тоа е најлесен начин да го откриете вирусот. Од друга страна, добро е да знаете дека короната не е отпорна на топлина и умира на 26-27 степени Целзиусови. Поради тоа треба да пиете многу топли напитоци, како што е чајот. Не е тоа лекот, но добро е за вашето тело. Пиењето топли течности е ефикасно и ги уништува сите вируси во вашето тело. Обидете се да не пиете ладни напитоци.“

Изложете се на сонце, иако е ладно.

„Кога вирусот ќе падне на метална површина, таму живее најмалку 12 часа. Затоа запомнете дека доколку дојдете во контакт со каква било метална површина, мора темелно да ги измиете рацете.

Вирусот може да остане активен во организмот од 6 до 12 часа. Вообичаени средства за миење на рацете можат да го убијат вирусот. Зимската облека што не е потребно секојдневно да ја перете, треба да ја проветрувате надвор затоа што сончевите зраци го уништуваат вирусот“.

Симптоми на коронска пневмонија

„Ќе почувствувате дека вашето грло е суво, а симптомите траат 3-4 дена.“

„Вирусот потоа ќе се спои со назалната течност, ќе продре до душникот и ќе влезе во белите дробови предизвикувајќи коронавирус. Овој стадиум трае од 5-6 дена.“

„Воспаление на белите дробови, висока температура и отежнато дишење се симптомите што исто така укажуваат дека сте заразени со ковид-19. Носот ќе ви биде затнат така што ќе имате чувство како да се давите. Важно е веднаш да побарате лекарска помош ако ги имате овие симптоми.“

Од сите страни се појавуваат лекари што објавуваат статии или истражувања за начините како да се заштитите од смртоносниот вирус.

Пијте вода

Сите треба да бидеме сигурни устата и грлото постојано да ни се влажни, никогаш суви!

Пијте малку вода на секои 15 минути. ЗОШТО?

Дури и ако вирусот влезе во устата, питката вода или друга течност ќе го пренесат преку хранопроводот до стомакот. Таму, киселините во стомакот ќе го убијат вирусот.

Ако не пиете доволно вода редовно, вирусот полесно може да влезе во душникот и во белите дробови.

Дезинфекција на чевлите преку кои е можен пренос на коронавирусот

Во шише со распрскувач ставете една четвртина од некое средство за чистење на база на хлор и три четвртини вода.

Пред да влезете дома, попрскајте ги обувките и одозгора и одоздола.

Седете дома. Најбезболно и најефикасно.

Помогнете си себе и другите и останете дома. Единствениот начин да се спречи заразата е доколку шансите за зараза ги сведеме на минимум. Одржувајте го вашиот дом чист и погрижете се да внесувате храна полна со витамини, протеини и минерали, како би го зајакнале имунитетот. Внимавајте и на хигиената на домашните миленичиња. Чистете ги нивните шепи со влажни марамчиња и дома по секоја прошетка надвор. Иако кучињата не можат да го пренесат вирусот, бактериите лесно се лепат за нивното крзно.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот