Италијанка преживеала две светски војни и три епидемии: Во строга изолација наполни 109 години!

Лисета Форнари од Итaлија, која преживеала две светски војни и три епидемии, денеска наполни 109 години, во строга изолација, чувајќи се од коронавирусот.

Лисета која е родена на 15 април 1911 година, на само шест години заболела од шпанска грозница, но набргу закрепнала, а сега е во изолација за да се заштити од Ковид 19, пишува италијанскиот весник Ла Републикa.

Според нејзините зборови, во текот на Втората светска војна „барем постоеле меѓучовечки односи, а не како сега“, кога е изолирана и не е во можност да користи технологија во комуникацијата, но се надева дека 110 роденден ќе го одбележи со голема прослава.

Како што раскажа таа за италијанските медиуми, тајната за нејзината долговечност се полесни оброци со чашка вино, без цигари и стрес и ставот дека секој нов ден е божји подарок.

Италија е една од најтешко погодените земји со пандемијата од коронавирусот, кој во оваа земја досега однесе повеќе од 21.000 животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот