Италијанците потврдија дека Артета ќе го води Арсенал! (ФОТО)

фото:твитер

Италијанскиот новинар околу случувањата на светската фудбалска сцена, Џанлука Ди Марцио информира преку својот Твитер профил дека Арсенал ги заврши преговорите со Микел Артета и дека тој ќе биде новиот менаџер на клубот.

Артета досега беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити во 2016. година, уште од претходно беше во комбинација за шеф на стручниот штаб во Арсенал, но прво шанса доби Унаи Емери кој си замина од екипата пред нешто помалку од еден месец.

После отказот на Емери, како повремено решение на клупата на „топчиите“ беше Фреди Љунгберг, но и со клупската легенда резултатите остануваат лоши сезонава, а тоа го потврди и домашниот убедлив пораз од Манчестер сити (0:3).

Ди Марцио чии информации скоро се покажуваат како точни и проверени напиша:

– Артета го напушта Манчестер сити и ќе биде следниот менаџер на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот