Италија се топи на температури од 45 степени, а во Америка живата во термометарот се искачи и до 50!

Во Италија денеска на сила е црвен метео аларм за 14 градови како предупредување за екстремно високите температури, а на Сардинија се очекуваат рекордни 45 степени.

Со денешниот црвен метео аларм се опфатени четири градови повеќе отколку вчера.

Поради високите температури се стравува од пожари, особено на Сицилија – пренесува „Танјуг“.

Топлотниот бран од северот на Африка вчера во Италија донесе температури до 40 степени, а 10 градови биле означени со црвена боја, која предупредува на екстремно високите температури.

Според билтенот на Министерството за здравје на Италија, алармот вчера се активираше во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасу, Пескара, како и градовите Ријети, Фрозиноне, Болкано и Перуџа.

Како што е наведено, бура и грмотевици се очекуваат следната недела во централниот дле на Италија.

И во САД овој викед во сила е предупредувањето за опасно жешкиот бран, особено во југозападните предели, каде се очекуваат температури и до 50 степени целзиусови, соопштила Националната метеоролошка служба.

Истата служба истакнала дека особено тешка ситуација се очекува на југот на Калифорнија.

Температури до 49 степен се очекуваат и во делови на државата Јута, Ариозна, Невада, вкучувајќи го и градот Лас Вегас – пренесува агенцијата „Срна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот