Италија и Турција сакаат заедно да го организираат Европското првенство во 2032 година

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Претходно се пријавуваа поединечно, но по последователните договори Италија и Турција решија да понудат заедничка организација на Европското фудбалско првенство во 2032 година.

УЕФА денеска потврди дека доби барање од фудбалските федерации на Италија и Турција за заедничка организација на првенството. Во 2021 година, Европската куќа на фудбалот го започна процесот на одредување на домаќините за првенствата на Стариот континент во 2028 и 2032 година.

Турција претходно се пријави за двата шампионати, а Италија само за оној во 2032 година. Русија исто така беше заинтересирана за организација на тие првенства, но УЕФА ги одби нејзините барања поради инвазијата на таа земја на Украина.

Кога станува збор за 2028 година, заедничка понуда поднесоа земјите од Обединетото Кралство (Англија, Северна Ирска, Шкотска, Велс) и Ирска.

Одлуката за домаќините на споменатите две европски првенства УЕФА ќе ја донесе на 10 октомври. Следното Европско првенство ќе се одржи летото 2024 година во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот