Истражување открива: Користењето на вашиот мобилен телефон на работа може да ве ослободи од стресот

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Пребарувањето по социјалните мрежи на вашиот личен телефон, резервирање летови, дури и испраќање брз одговор на апликациите за пораки – тие обично не се поврзани со работните задачи што треба да ги сработите.

Некои компании сметаат дека приватните паметни телефони го одвлекуваат вниманието од работата, па дури и ги принудуваат вработените да ги остават своите телефони во шкафче пред да влезат во канцеларијата или продавницата во која работат.

Но, таквите забрани можат да бидат контрапродуктивни, според студијата на австралиските и ирските научници, кои велат дека користењето приватни телефони на работа не влијае на продуктивноста, па дури и може да го намали стресот кај вработениот.

Тим од Универзитетот во Голвеј и Универзитетот во Мелбурн помина една година следејќи 40 вработени на кои им беше дозволено да користат приватни телефони во европската филијала на неименувана глобална фармацевтска компанија.

Тимот го спореди ова со друга група субјекти на кои не им беше дозволено да ги користат своите телефони додека се на работа.

Откриле дека оние кои користеле лични телефони немале полоши резултати на работа од колегите кои не го користеле и дека проблемите кои произлегуваат од мешањето на работата и приватниот живот биле намалени кога била укината забраната за користење на лични паметни телефони на работното место.

Интервјуираните работници претходно се пожалиле на „рестриктивниот пристап“ на компанијата за користење на лични телефони, кој датира од 1990-тите, велејќи дека се чувствуваат „исклучени“ од околината.

Тие биле поддржани и од поединечни членови на раководството кои ги оцениле ограничувањата како „технофобични“ и неусогласени со правилата во другите филијали на истата компанија.

„Менаџерите треба да ги разберат несаканите последици од насилната забрана на приватните паметни телефони. Спречувањето на употребата на телефонот на работното место може да го зголеми конфликтот помеѓу работата и приватниот животот, што пак има значителни импликации врз работата, задоволството од работата, отсуството од работа, намерите за промет, како и општата благосостојба“, рече Еоин Вилан истражувач од Универзитетот во Голвеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот